Кога би можеле да зборуваат ѕидовите на познатиот хотел: Погледнете што уловиле папараците на неговите балкони, плажи, базен…

Филмскиот фестивал во Кан започна, а сите нетрпеливо чекаат нови фотографии од хотелот кој славните го обожаваат, а кои ако може, би раскажале одлични приказни.

Започна филмскиот фестивал во Кан, а во светските медиуми е добро познато дека повеќето познати личности кои во тој период пристигнуваат на југот на Франција сакаат да престојуваат во познатиот хотел Eden Roc

Како што би рекол народот, ако може, овој хотел би раскажувал многу интересни приказни, а само мал дел од она што се случува е раскажано преку неколку фотографии во нашата галерија.

„Како еден од најдобрите хотели, Еден Рок е познат по своето наследство. Со нашите тивки луксузни соби, апартмани и прекрасни бунгалови, нашата ценета локација на плажа и нашата вродена посветеност на нашите гости, ве покануваме да се нурнете во искуството“, стои на нивната официјална веб-страница, а овие зборови успеале да заведат многу големи ѕвезди да дојдат таму.

Приватен базен, плажа и балкони со поглед кој го одзема здивот ветуваат приватност што навистина ја посакуваат славните, но папараците успеваат и овде да најдат места за да ги доловат најприватните моменти на познатите.

Така, безброј пати, актерки, пејачки и старлети биле фатени на базен или на балкон како лежат на сонце без градник, а на тоа место папараците дури успеале да фатат член на монегаското кралско семејство, внуката на Грејс ,Кели, Шарлот Казираги во костим за капење кој не сме навикнати да ги гледаме како ги носат членови на едно кралско семејство.

Ќерката на пејачот Лајонел Ричи, Софи Ричи, неодамна се омажи во овој хотел со нејзиниот партнер Елиот Грејнџ.