Во сите земји во регионот се случиле силни потреси со интензитет од 5,4 до 7 степени според Рихтеровата скала.
Скопје,Бања Лука, Бар, Улцињ, Лазаревац, Тирана, Драч, Гњилане. На овие локации во минатото бил епицентарот на најсилните земјотреси кои се случиле во регионот. Некаде предизвикале жртви, а во други ситуации материјална штета. Во продолжение потсетуваме на најсилните потреси на тлото на Балканот.
1070 жртви во скопскиот земјотрес од 1963
Најсилниот земјотрес во Скопје од 6,1 степен според Рихтеровата скала се случи на 26 јули 1963 година во 5 часот и 17 минути. Со помали потреси земјотресот траел до 5 часот и 43 минути. Животот го загубија 1070 луѓе, а 3000 беа повредени. Над 200 000 луѓе останаа без покрив над главатта.
Шест степени по Рихтер во Бања Лука
Земјотрес со најголема јачина на територијата на Босна и Херцеговина е оној од од шест степени според Рихтеровата скала на 27 октомври 1969 година во 16 часот и 35 минути во Бања Лука. Загинале 17 лица, а 1 117 луѓе биле полесно или потешко повредени. Била причинета голема материјална штета. Во 2 часот и 55 минути се случил земјотрес од 5,7 степени кој му претходел на посилниот. Епицентарот бил 20 километри под градот.
Најсилниот земјотрес меѓу Бар и Улцињ
На 15 Април 1979 година во 7 часот и 19 минути во Црна Гора се случил најсилниот земјотреси на овие простори. Јачината била 7 степени според Рихтеровата скала. Последиците биле катастрофални во Црна Гора и Албанија. Епицентарот бил во морето измеѓу Бар и Улцињ. Во Црна Гора загинале 101 лице, а во Албанија имало 35 жртви. Околу 100 000 луѓе останале без покрив над главата.
Десетици загинати во Лазаревац и Рудник
За Србија постојат податоци за повеќе регистрирани земјотреси од пет до шест степени според Рихтеровата скала. Во Лазаревац, Краљево, Рудник, Крагуевац, Копаоник.
Земјотресот во Лазаревац во 1922 година бил со јачина од шест степени според Рихтеровата скала. Пет години подоцна во Рудник се случил земјотрес со јачина од 5,9 степени по Рихтер. Во двата земјотреси загинале десетици луѓе.
Еден човек загина, а 3 500 објекти беа оштетени во земјотресот 1998 година во Мионица, а 2010 година во Краљево загинаа две лица, а 180 беа повредени во земјотресот со интензитет од 5,4 степени по Рихтер.
51 жртва во Албанија 2019 година
Во 2019 година земјотрес од 6,4 степени според Рихтеровата скала предизвика тешки последици во неколку места во Албанија. Драч, Тумане и Тирана имаа најголема штета. Загина 51 лице, а стотици беа повредени. Евакуирани беа 3224 луѓе.
Два силни земјотреси во Гњилане
Во Косово се регистрирани два јаки земјотреси. Првиот во 1921 година во Урошевац, Витина и Гњилане со интензитет од 6,1 степен по Рихтер. Во 2002 повторно земјотрес во Гњилане. Нешто послаб со јачина 5,7 степени според Рихтеровата скала.
TRT Balkan