Кои намирници можат да предизвикаат мигрена?

Ако имате силни главоболки или познавате некој кој ги има, тогаш свесни сте дека мигрената е нешто повеќе од просечна главоболка. Мигрената може да се појави брзо и да резултира со исцрпувачка болка, мачнина, вртоглавица и чувствителност на светлина, звук и мирис.

Тешко е да ги спречите мигрените бидејќи причината за нив е различна кај секого, пишува CNN. Истражувањата покажаа дека дури и храната што ја јадете секој ден може да предизвика ненадеен напад на мигрена.

За среќа, познато е која храна треба да ја избегнувате.

1. Преработени месни производи

Често, адитивите во храната се виновни за појава на мигрена поврзана со храна. Утврдено е дека високото ниво на нитрати и нитрити предизвикува мигрена, па затоа се препорачува да избегнувате сланина, виршли и салами. Одлучете се за верзии без нитрати и нитрити.

2. Алкохол

Студиите покажаа дека црвеното вино и пивото најчесто можат да предизвикаат мигрена. Ферментираните пијалаци содржат тирамин и можат да предизвикаат главоболка побрзо отколку што можете да нарачате нова тура. Сулфатите во виното исто така можат да предизвикаат главоболка.

3. Чоколадо

Чоколадото содржи бета-фенилетиламин кој може да предизвика мигрена кога се консумира. Исто така, содржи кофеин и тирамин кои можат да ја влошат главоболката.

4. Кафе и чај

Многу третмани против мигрена препорачуваат пиење кофеински пијалаци бидејќи кофеинот ги стеснува крвните жили и може да ја намали главоболката. Но, премногу кофеин, а потоа нагло намалување, доведува до повлекување на кофеин.

Таа реакција испраќа премногу крв во главата што може да предизвика мигрена или пак да ја влоши.