КОЛАПС НА БРИТАНСКОТО ЗДРАВСТВО!? Најавен штрајк на лекарите – ќе се одложат 250.000 прегледи и операции!?

Околу 250.000 операции и прегледи би можеле да бидат одложени во Британија поради штрајкот на лекарите следната недела, предупреди денеска Конфедерацијата на национални здравствени служби.

Пациентите најверојатно ќе ги почувствуваат поголеми последици бидејќи четиридневниот штрајк доаѓа по велигденскиот викенд, рече д-р Лејла Мекеј, директорка на Здружението на шефови на здравствени служби.

Прекинот на работа требаше да започне во вторник, 4 април, објави Би-Би-Си.

Шефовите на болницата рекоа дека не можат да гарантираат дека пациентите ќе бидат безбедни и дека менаџерите се мачат да организираат персонал за време на штрајкот, што ќе влијае и на итната и на планираната нега.

Британското медицинско здружение соопшти дека нема да бидат изземени никакви здравствени услуги, но дека има планови за заштита на пациентите, што би можело да вклучува повлекување на помладите лекари од штрајкот доколку одредени болници пријават дека животите на пациентите се во непосредна опасност.

Здружението бара зголемување на платите за 35 проценти за да се надомести 15-годишниот раст на платите под нивото на инфлацијата.