„Колку луѓе убив? Слушнав дека мојот најдобар другар е во кома!“: Застрашувачки зборови на момчето убиец, постојано повторува едно (фото)

Момчето-психопат (13) кое на 3 мај во основното училиште „Владислав Рибникар“ уби деветмина негови другари и училишниот чувар Д.В и рани уште шестмина, во установата во која престојува, често прашува колку луѓе убил будејќи не ја знаел точната бројка и се интересира за здравствената состојба на момчето кое се лекува во Чикаго, бидејќи тоа е неговиот најдобар пријател.

Како што пишуваат српските медиуми, момчето во психијатриската установа каде е сместено често прашува кога ќе може да се ослободи.

– Неколку пати праша колку луѓе загинаа, бидејќи не ја знае точната бројка. Сигурен е само за чуварот бидејќи се вратил да го „провери“, иако како што вели не сакал да го убие туку го фатила паника – вели изворот и додава:

-Детално раскажа како се одвиваше целиот настан, а кажа и дека му е жал за еден од неговите пријатели.

– Се чувствувам виновен што го застрелав мојот најдобар пријател, не сакав. Многу ме загрижува дали ќе биде подобро – рекол во еден од разговорите во институцијата, а најдобар пријател за кој зборува е момче чии лекари се борат за негово опоравување бидејќи засега не може да ги движи нозете и едната рака.

Крвав план

Според соговорникот на српските медиуми, полицијата ја обезбедува институцијата во која се наоѓа момчето и комуницира со персоналот.

– Знам дека сум во болница, но не гледам разлика помеѓу домот и болницата. Единствената разлика е што не можам да излезам и имам стражари – биле зборовите на момчето убиец.

Покрај тоа колку луѓе убил, го интересира и како ќе биде казнет.

– Како ќе бидам казнет, ​​до кога ќе бидам овде? Слушнав дека за ова ќе добијам смртна казна во Америка – рекло момчето, момчето.

Како што веќе пишувавме, момчето крвавиот поход детално го испланирал, неколку недели однапред, а постојано повторува дека никој во ништо не му помогнал и дека смислил и направил сè сам.

Татко му е во притвор

– Неговиот татко моментално е во притвор, бидејќи по масакрот што го изврши момчето, откриено е дека нелегално и несоодветно чувал оружје и експлозивни материјали, а имотот на двајцата родители бил блокиран за да не се обидат да избегаат или да направат нешто додека се води истрага – потсетува изворот.

На овој начин бил спречен и планот на родителите за нов живот во странство.

За потсетување, судот нареди сите парични средства, накит и хартии од вредност од мајката, кои се наоѓаат на сите адреси на куќи, станови и сметки, односно сефови, да бидат наведени и одземени и истите да бидат депонирани на сметката на јавниот Извршител.

Привремени мерки

Тужби на 27 членови на семејството

Судот определи привремена мерка за обезбедување на идното парично побарување, по предлог на 27 најблиски членови на семејството на загинатите во Основното училиште „Владислав Рибникар“.

– Тоа не значи дека некој го конфискувал и трајно го одзел имотот на мајката, туку дека и’ е изречена забрана да го продава или да стави хипотека врз него, за доколку на најблиските членови на семејството им се досуди надомест за претрпената душевна болка и страдање во граѓанската постапка, судот би ги наплатил тие суми – објасни соговорникот.