Колку навистина заработуваат порно-ѕвездите за најжешките сцени за време на интимните односи !?

Еден од водечките агенти во индустријата за возрасни открива се за заработката на актерите и плаќањето на интимните сцени.

Дали имате идеја колку заработуваат актерите за возрасни ? Многумина би рекле дека се работи за големи бројки, бидејќи се работи за соблекување и жешка „акција“ пред камерите. Меѓутоа, вистината е сосема поинаква, тврди водечкиот агент во оваа индустрија, Дерек Хеј од LA Direct Models. Во неговата компанија има повеќе од 2.000 вработени мажи и жени за кои важи истото правило: колку се подготвени да направат – колку ќе бидат платени.

Ако жените се согласат на анални сцени, двојна пенетрација, ќе заработат повеќе, но тоа не важи за мажите. Како што истакнува Дерек Хеј, во филмовите за возрасни жената треба да ја има главната улога, додека машката е споредна. Причината за тоа лежи во статистиката дека публиката на овие филмови е 70 отсто мажи и 30 отсто жени. Според агентот, жените во просек заработуваат околу 1.000 долари за сцена со маж, додека во сцена со жена ќе заработат 700 долари. Цените варираат во зависност од тоа дали актерот или актерката е познат, нивната возраст, изглед и агент.

Снимањето на нејзината прва анална сцена, нејзината прва меѓурасна сцена, нејзината прва сцена со тројца, четири или пет мажи и слично, таквите сцени се наплаќаат одделно и дополнително“, изјавил Дерек Хеј за The Independent посочувајќи дека обично е помеѓу 2.000 и 6.000 долари.

Иако родовиот јаз во платите е речиси насекаде, индустријата за возрасни е исклучок. Филмовите најмногу се фокусирани на жените, нивните гениталии, телото и лицето. Дополнително, воспоставено е мислење дека жените се тие кои најмногу губат доколку влезат во овој бизнис, пред се во однос на угледот. Значи, мажите во филмовите се „поевтини“ затоа што заработуваат од 100 до 150 долари по сцена. Интересно е што статистиката покажа дека секоја секунда 300.000 луѓе гледаат филмови за возрасни, од кои жените сочинуваат 25 до 33 отсто од гледачите.