Колумбиската ѕвезда во екстравагантно издание: Шакира, во ,,Версаче” фустан му се одмаздуваше на Пике (фото)

Синоќа, Шакира ја освои наградата „Video Vanguard“, која се доделува за голем придонес во музичката индустрија и влијание на формата на музичкото видео и поп културата. Колумбиската ѕвезда е првата јужноамериканска уметница која го добила ова признание.

„Сакам да им се заблагодарам на моите родители и на моите деца, Милан и Саша, кои се тука. Ви благодарам што ме развеселувате и ми го давате чувството дека мама навистина може сè. Би сакала да ја споделам оваа награда со моите фанови кои секогаш ме поддржуваа – без оглед на сè. Ви благодарам што бевте моја војска и што ми помогнавте да ги водам битките“, бил говорот на Шакира“.

Пејачката на доделувањето се појавила во фантастичен златен фустан на модната куќа „Версаче“, кој обожавателите на социјалните мрежи, алудирајќи на неверството на Пике и нејзината одмазда, го нарекле „одмазднички фустан“.

Моделот со тенки ремчиња имал отворен грб и ја истакнувал фигурата, а во долниот дел се ширел.

Шакира за настапот се преслекла во нова комбинација, а потоа облекла уште еден фустан, исто така со потписот на „Версаче“.

Светлосиниот сатенски фустан украсен со шнолички сите ги потсетил на култниот модел на оваа италијанска модна куќа кој Елизабет Харли го носела на премиерата на филмот „Четири свадби и погреб“ во 1994 година.