Конечно фатени! Бремената Дилета не може да ја тргне насмевката од лицето во друштво на најголемиот фудбалски губитник (ФОТО)

Тие се запознале кон средината на минатата година, а врската ја објавија во ноември

Дилета Леота, најпознатата спортска новинарка во светот, во март откри дека чека дете со Лорис Кариус , германскиот голман кој игра за Њукасл во Англија. Бременоста на италијанската водителка, заштитно лице на телевизијата DAZN очигледно добро напредува, а дека нејзиниот стомак веќе доста пораснал може да се види и од последните фотографии од нивниот одмор на Ибица. Се гледа дека е среќна, а не се одвојува од Германецот.

Да потсетиме, љубовта меѓу новинарката и голманот на Њукасл се роди пред само неколку месеци. Тие се запознале кон средината на минатата година, а врската ја објавиле во ноември.

Кариус повеќето љубители на фудбалот го паметат како трагичната фигура на финалето на Лигата на шампионите кое се одигра во 2018 година. Токму тој беше директно одговорен за поразот на Ливерпул од Реал Мадрид, кој победи со 3:1 и победи во елитното клупско натпреварување. После тоа неговата кариера буквално потона, а денес е само трет голман на Њукасл.