Конфликтот меѓу официјален Израел и генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш денеска дополнително ескалира. Односите, да потсетиме, драстично се влошија синоќа, кога Гутереш во Советот за безбедност на ОН рече дека „нападите на Хамас не се случија“ во вакуум, на што Израел побара негова итна оставка и го обвини дека го релативизира колежот на израелските цивили.
Говорејќи за генералниот секретар на ОН, израелскиот амбасадор во ОН Гилад Ердан денеска изјави дека „не е случајно“ што Антонио Гутереш не дошол во Израел од почетокот на војната. Гутереш двапати побара да разговара со премиерот Бенјамин Нетанјаху од 7 октомври – но Нетанјаху „одби да ја прифати неговата покана“, рече Ердан.
„Агенциите на ОН создадоа лажна слика за ситуацијата на теренот“
Ердан, исто така, рече дека агенциите на ОН создале „лажна слика“ за ситуацијата на теренот, прифаќајќи ги тврдењата за Газа иако „сите знаат“ дека областа е под контрола на Хамас. Тој рече дека следните чекори треба да бидат протерување на „непријателските претставници на ОН“ од Израел кои прикажуваат лажна слика за тоа што се случува.
Треба да се потсети дека Ердан исто така рече дека на потсекретарот на ОН за хуманитарни прашања Мартин Грифитс му била одбиена израелска виза, а на другиот персонал на ОН „ќе им биде одбиена“.