КОРИСЕН СОВЕТ – Колку долго може да ги чувате варените јајца пред да се расипат ? Еве до кога можете да ги јадете и како можете да го продолжите нивниот рок на траење
После Велигден често се случува да ни остане јадење од празничната трпеза, па би било добро да се потрудиме да ги искористиме тие остатоци и во наредните денови.
Како правилно да ги чувате варените јајца ?
За време на готвењето, се отстранува заштитниот слој што ја покрива лушпата, што ги прави јајцата почувствителни на воздух и на штетни микроорганизми. Затоа, чувањето на варените јајца во фрижидер е исклучително важно кога станува збор за спречување на контаминација или расипување.
Нивното чување во фрижидер помага да се забави растот на бактериите бидејќи потенцијално опасните бактерии растат побавно на температури под 4°C. Варените јајца избегнувајте да ги чувате подолго време на собна температура и ставете ги во фрижидер два часа по готвењето.
Тие, исто така, најдобро се чуваат во картонска кутија или во херметички кутии. Чувајте ги на внатрешната полица, а не на вратата, бидејќи честото отворање и затворање на фрижидерот може да предизвика промена на температурата во тој дел.
Колку долго можат да траат тврдо варените јајца пред да се расипат ?
Ако се складираат правилно, тврдо варените јајца – излупени или нелупени – може безбедно да се чуваат во фрижидер околу една недела. Ако не сте сигурни колку долго вашите тврдо варени јајца се во фрижидер, прво проверете дали на нивните лушпи се формирал лигав слој. Ако забележите такво нешто, фрлете го јајцето.
Многу луѓе се загрижени дали жолчката од тврдо варено јајце има зеленикаво-сива боја. Сепак, тоа не значи дека јајцето се расипало. Бојата на жолчката варира во зависност од времето на готвење и температурата. Кога јајцата се варат подолго време, жолчката станува побледа и на крајот добива зеленикаво-сива боја.
Оваа боја се јавува кога преварувате јајце, бидејќи предизвикува реакција на железото од жолчката со водород сулфид од белката. Иако може да влијае на текстурата и вкусот во устата, безбедно е да се јаде.