Користев дроги кои не можат да се откријат: Потресна исповед на најголемиот измамник во историјата на спортот!

Стана еден од најуспешните спортисти, а потоа призна дека изневерувал. Нему му беа одземени седумте титули од Тур де Франс, најголемата велосипедска трка, а сега зборуваше за тоа како успеал да го направи тоа.

Поради допинг, на Ленс Армстронг му беа одземени сите титули од трката околу Франција што ја освои помеѓу 1998 и 2011 година, а неодамна зборуваше за тоа на подкаст.

Тој откри што многумина ги интересирало – како никогаш не добил позитивен допинг тест?

– Не се обидувам да го оправдам тоа или да кажам дека би го направил тоа повторно, но факт е дека сум бил тестиран 500 пати, и никогаш не сум паднал на допинг контрола. Вистина е. Не постои начин да се избегне тестирање, рече Армстронг, додавајќи:

– Реалноста и вистината е дека некои супстанци, особено клучните, траат четири часа. Некои супстанции, како канабисот или анаболни стероиди траат многу подолго. Можеше да пушиш „џоинт“, да одиш на работа и да возиш трактор… за две недели би бил позитивен. Со ЕПО (лекот што тој го користеше), што е како ракетно гориво што го промени не само нашиот спорт, туку воопшто спортовите на издржливост, многу брзо го напушта телото.

Се обиде да биде одговорен барем овој пат.

– Не сакам никого да охрабрувам да го направи тоа. Вистината е дека тоа беше незабележлив лек кој беше неверојатно корисен за перформансите и закрепнувањето. И двете работи се важни. Бев наведен да верувам дека е безбедно ако се земе под водство на лекар, а сега не се согласувам.