Кортни Кокс откри дека се кае што направила  естетските третмани на лицето: Не сфатив дека изгледам чудно

Актерката Кортни Кокс за време на гостувањето во подкастот „Gloss Angeles“ откри дека жали за естетските третмани на лицето на кои редовно одела.

„Ставав филери во лицето. Предизвикав домино ефект. Не сфатив дека изгледам чудно, па продолжив да ги ставам. На себеси си изгледав нормално. Фала богу филерите може да се отстранат”, рече таа.

Додаде дека тоа било губење време и ѝ предизвикало голема штета, но дека успеала да го реши проблемот.

„Сега гледам стари фотографии на кои мислев дека изгледам добро. Навистина не ми се верува во каква илузија живеев. Некои луѓе индиректно ме критикуваа поради филерите, но јас упорно негирав дека сум ги ставила“, додаде таа.

За потсетување, Кокс неодамна доби своја ѕвезда на Патеката на славните во Холивуд. На церемонијата на откривање на ѕвездата присуствуваа членовите на нејзиното семејство и пријателите, меѓу кои Џенифер Анистон и Лиза Кудроу, со кои глумеше во култната серија „Friends“.

Освен „Friends“, Кортни е препознатлива и по улогата во франшизата „Scream“, каде ја игра репортерката Гејл Ведерс, а се појавува и во најновото продолжение кое веќе се појави во кината ширум светот.