КОСОВО ЗАБРАНИ ПРОДАЖБА НА МАСЛО ОД СРБИЈА

Косово ја забрани продажбата на масло за јадење од Србија на територијата на Косово под изговор дека маслото не ги задоволува критериумите на просечната количина во амбалажата пропишана со сегашната регулатива.

  • Извештајот за верификацијата на Агенцијата за метрологија на Косово, односно лабораторијата за претпакување, покажа дека маслото за јадење, произведено во Србија, не ги исполнува критериумите на просечната количина пропишана со Регулативата 03/2020 за претходно пакувани производи. – се наведува во известувањето на Министерството за индустрија, трговија и претприемништво на Косово.

Во соопштението се додава дека поради ова пазарната инспекција презела мерки согласно важечката законска регулатива и му забранила на економскиот оператор, добавувачот на ова масло, да го продаде овој производ и да го повлече од пазарот во рок од 15 дена, пренесе РТС.