Костадиновска-Стојчевска и Битиќи во работна посета на Гостивар

 Министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска заедно со заменик претседателот на Владата за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции Фатмир Битиќи и заменик министерката за здравство Маја Манолева, денеска се во работна посета на Општина Гостивар, каде што ќе го посетат Центарот за култура „АСНОМ“, ќе направат обиколка и увид на завршените капитални проекти и ќе ги разгледаат можностите за нови инвестиции во оваа национална установа.

Владината делегација ќе има средба и со раководството на ГАКУД „Браќа Гиновски“ на која ќе се запознае со актуелните проекти и активности, како и со предизвиците со кои се соочува ова културно-уметничко друштво.

Министерката за култура ќе присусвува и ќе има обраќање на одбележувањето 100 години од раѓањето на еден од најголемите македонски херои и борци Чеде Филиповски – Даме.