Коста има чудни барања: Од вработените во болницата постојано го бара ова, но тие го одбиваат

Коста К.(14), кој пред осум месеци изврши невиден масакр во ОУ „Владислав Рибникар“ и уби десет ученици и училишен чувар, не престанува да хистеризира и да создава хаос ви клиниката, бидејќи, како што пушуваат српските медиуми, нему му било досадно таму.

Тој со месеци покажува рамнодушност и незаинтересираност за сè што направил, а единствено што го интересира се неговите услови на Клиниката за неврологија и психијатрија за деца и млади во Белград каде што се наоѓа.

–  Иако е свесен за ситуацијата во која се довел, односно дека се наоѓа на клиника каде има јасни и строги правила, тој не се откажува од своите желби. Последното нешто што го праша ги остави во шок сите присутни, токму поради зборовите што ги изговори  – изјавил изворот од истрагата, па објаснил:

–  Последното нешто што сакаше беше да гледа филмови, бидејќи, како што објасни, му било досадно и не знаел што да прави во собата. И покрај тоа што му е јасно дека нема шанси да му биде дозволено да прави нешто што не е во согласност со правилата, тој едноставно не се откажува.

За потсетување, грозоморното злосторство се случи на 3 мај во ОУ „Владислав Рибникар“ во Врачар, кога момчето Коста Кецмановиќ во 08.40 часот вооружено влета во зградата. Тој од вратата на училиштето пукал во обезбедувањето Драган Влаховиќ, кој набрзо им подлегнал на повредите. Момчето потоа нишанило кон трите ученички кои ги убил.

Крвавиот пир на Коста продолжи во канцеларијата за историја каде што неговото одделение VII/2 имаше час. Ја ранил наставничката по историја Татјана Стевановиќ, а потоа отворил оган врз другарите. Најпрвин уби пет студенти, а рани уште шестмина.

За жал, уште една ученичка од ОУ „Владислав Рибникар“ по 12 дена борби им подлегна на повредите, со што бројот на жртви се искачи на десет.