СИЛЕН ЗЕМЈОТРЕС ЈА ПОГОДИ КИНА: Епицентар во автономниот регион населен со Ујгури

Земјотрес со јачина од 5,4 степени според Рихтеровата скала денеска го погоди округот Баиченг во Ксинџијанг, ујгурската автономна област во северозападна Кина.

Ксинхуа пренесува дека тоа го соопштил Кинескиот мрежен центар за земјотреси (CENC).

Кинеската агенција соопшти дека епицентарот бил на 41,94 степени северна географска ширина и 82,14 степени источна географска ширина.

CENC соопшти дека земјотресот бил на длабочина од 17 километри.