Која е најмалата ќерка на Доналд Трамп која ја нарекуваат ,,црна овца” во семејството!? Сите детали за бурниот живот на најубавиот член во семејството Трамп (ФОТО)

Тифани Трамп (29), најмладата ќерка на Доналд Трамп, неодамна по долго време се појави во јавноста.

Имено, Тифани беше снимена на прес-конференција со нејзиниот сопруг Мајкл Булос (25), која ја одржа Доналд Трамп на имотот Мар-а-Лаго во Палм Бич.

Во американските медиуми таа е позната како „црната овца на семејството“ и е една од ретките членови на семејството Трамп на кои не им се суди за финансиска измама.

Фактот дека пораснала со нејзината мајка Марла Мејплс, втората сопруга на Трамп, ја направи Тифани сосема поинаква од остатокот од семејството, па дури и денес не се смета за некој кој по секоја цена сака да биде во центарот на вниманието.

Благодарение на тоа што речиси цел живот ја сметаа за „аутсајдер“, таа беше спасена од „влечењата низ калта“ низ кои поминаа нејзините браќа и сестри бидејќи го поддржуваа својот татко. Иако поради ова освои многу симпатии, имаше и такви кои ја напаѓаа поради нејзиниот изглед.

Луѓето коментираа дека е многу грда, дека е иста како татко и’ но и дека „кармата е кучка“ затоа што нејзината мајка Марла била љубовница на други мажи.

Тифани еден период заплови во музичките води, па во 2011 година ја сними песната „Like A Bird“, а потоа во интервју со Опра Винфри откри дека размислувала дали да продолжи да се занимава со музика.

Во еден период таа беше дури и практикант во списанието „Вог“, но таму остана кратко, бидејќи татко и’ започна претседателска кампања, па таа мораше да го прилагоди својот живот на тоа.

Таа е многу активна на Инстаграм, а често објавува фотографии на кои позира со семејството.

На крајот на минатата година Тифани се омажи за четири години помладиот Мајкл Булос. На венчавката преовладуваа бели и сини бои, а поранешниот претседател не штедеше за венчавката на својата ќерка за која отворено кажа дека му е посебно драга.

Трамп исто така изјави дека за разлика од останатите деца, тој е помалку горд на неа.

Инаку, новиот зет на Трамп е роден во Либан и е наследник на нигерискиот конгломерат Boulos Enterprises, за кој се претпоставува дека вреди неколку милијарди долари.

Двојката се запознала додека тој студирал во Лондон, а Тифани била на одмор во Европа.