Синооки луѓе, се испостави дека сите го делите истиот предок, што е сознание кое сигурно ќе направи вие и другите синооки да се чустввувате непријатно кога ќе се обидете да се запознаете.
За време на дополнителното научно GCSE, знаеме дека сините очи се рецесивен ген. Но, ако се прашувате од каде точно потекнуваат тие гени, едно истражување покажа дека сите тие водат до една личност.
Знаеме дека сините очи се многу поретки од кафените, а Healthline проценува дека помеѓу 8 и 10 проценти од светската популација има сини очи. Таквата реткост сега има смисла, бидејќи научниците открија дека генетската мутација потекнува од еден човек кој живеел пред (помеѓу) 6.000 и 10.000 години.
Со години, истражувачите се обидуваат да откријат што ја предизвикало оваа промена со проучување на генот OCA2 кој го одредува нивото на кафеавиот пигмент во човечкото око. Но, се покажа дека генетската мутација која резултира со сини очи доаѓа од сосема поинаков ген наречен HERC2, кој целосно го исклучува OCA2 и ја „разредува“ кафената во сина боја.
Како знаат дека сè е поврзано со заеднички предок? Затоа што секоја синоока личност ја има истата мутација. Иако се потребни многу повеќе истражувања, се смета дека мутацијата би можела да се прошири кога луѓето мигрирале од Африка во Европа, што на некој начин би објаснило зошто главно луѓето од европско потекло се чини дека имаат сини очи.
Ова откритие всушност датира од 2008 година, кога истражувачки тим од Универзитетот во Копенхаген првпат влезе во трагата на таа мутацијата. Студијата, исто така, ги разгледа варијациите на други поретки бои на очите, како што е зелената, што дополнително ја поддржува идејата дека генот за сини очи потекнува од една личност.
Авторот на студијата, професор Ханс Ајберг од Одделот за клеточна и молекуларна медицина, изјави за „Science Daily“:
„Луѓето кои имаат зелени очи може да се објаснат со фактот дека имаат намалена количина на меланин во ирисот, што е многу различно од оние со сини очи. Од ова можеме да заклучиме дека сите синооки поединци се поврзани со ист предок. Сите тие го наследија истиот прекинувач на целосно истото место во нивната ДНК“.
Значи, синооките имаат заеднички предок, а зелените очи се причина за намален меланин во нашиот ирис.