Кој го собира медот – Северна Македонија во топ три во светот

Интересот за мед станува се поголем, особено што овој природен засладувач се смета дека придонесува и за подобрено здравје и засилен имунитет. Најголеми увозници на мед се Јапонија, САД, Германија, Велика Британија и Франција кои го откупуваат речиси половина од светското производство на природен мед.

Годишно за увоз на природен мед светските економии трошат над 2 милијарди евра. Најбарани и најскапи се природните медови кои зависат од самата природа, од подрачја со билки и лековити растенија и благосостојба на пчелите.

Сепак, на страната на производството на мед состојбите се нешто поразлични и неколку држави се истакнуваат со пчелни производи.

Од една страна е масовното производство на мед, за кое често има критики дека користи и вештачки засладувачи и шеќерни сирупи, а од друга страна е ограниченото квалитетно производство на мед под строго контролирани услови кој во одредени земји се смета и за лековита состојка.

Слатки пари

Кина е убедливо најголем светски производител на мед, а истовремено стои и осамено на врвот како најпрофитабилна држава според приходите од мед по глава на жител.

Само од продажбата на мед годишно кинеските граѓани по глава на жител имаат профит од 16 евра. Следува Канада со 9.15 евра, а во топ три според профитабилноста е и Северна Македонија. Македонските граѓани според глава на жител годишно имаат профит од 8.78 евра.

Северна Македонија, покрај Швајцарија и Франција, се единствените европски држави во топ 10 листата креирана од Статиста според податоците на Светска банка за профитабилност од продажбата на мед по глава на жител.

Годишно се вратат околу 40 милијарди евра во продажба на мед, кој опфаќа околу 25% од пазарот на сите видови на засладувачи, каде пак и натаму доминира шеќерот со продажба од 80 милијарди евра годишно, додека пак целокупниот пазар на засладувачи, што природни, што индустриски вреди околу 140 милијарди евра годишно.

ТРТ БАЛКАН