Кој е еден од најзначајните луѓе во животот на Ѓоковиќ? Заедно пораснаа, неговите зборови ја докажуваат големината на Новак! (фото/видео)

Најдобриот тенисер на планетата Новак Ѓоковиќ во неделата во манастирот Острог ги крсти своите деца Тара и Стефан.

Новак за кум го избра својот пријател од детството Невен Марковиќ, кому и самиот Ѓиковиќ му беше кум на свадбата.

Марковиќ на пошироката јавност и’ е познат како еден од најважните личности во животот на Новак Ѓоковиќ, но зад себе има и повеќе од пристојна фудбалска кариера. Започна во Рад, а потоа патувањето низ Младост од Лучани го однесе до романски Васлуи. После тоа играше за грчка Керкира, Загреб, за на крај да се пресели во Канзас Сити.

Потоа се врати во Европа, каде играл за швајцарски Сервет и полска Лехија, а подоцна се пензионирал.

Со Новак е пријател од детството, а неговите зборови најдобро ја опишуваат големината на првиот рекет на планетата.

– Нема подобар пријател од Новак. Тој е фантастичен. Тој е грижлив, секогаш подготвен да слуша и да помогне. Без разлика на сè што постигнал, тој секогаш се сеќава на своите пријатели. Тој има многу пријатели ширум светот, а јас не познавам човек кој би можел да каже лош збор за него или да има други чувства освен почит и восхит – изјави во една прилика Марковиќ за дневниот весник „Спорт“, додавајќи:

– Кога имате таква личност во вашата околина, тоа е голема мотивација, особено кога тоа е вашиот најдобар пријател. Тој е човек за пример и гордост за целата наша земја… Но и за целиот свет. Има многу да се научи од него и повеќето би биле изненадени да знаат колку тој е посебна личност. Никогаш не дозволувал некој да се чувствува помалку вреден во негово друштво, ниту пак се гледал себеси како некој што е подобар од другите.

Новак беше кум на свадбата на Невен Марковиќ и познатата српска манекенка Александра Танасковиќ во 2015 година, но тој брак не издржа, па тие се разведоа во 2020 година.

Сега Невен и Новак дополнително го зацврстија пријателството бидејќи Марковиќ беше кум на крштевката на Стефан и Тара.