ФОТО | КРУНИСАНА Е ЗА МИС УНИВЕРЗУМ, ИМА 47 ГОДИНИ И Е МАЈКА НА ПОЗНАТ ФУДБАЛЕР – Нејзините објави се вистинска провокација, а на социјалните мрежи обожавателите остануваат без текст

Хрватскиот голман Борна Буљан не го привлекува вниманието на јавноста поради неговите вештини на фудбалскиот терен, туку поради жената која го родила.

Мајката на голманот на Хајдук СплитРената Ловренчевиќ Буљан е многу активна на социјалните мрежи и ништо не ја спречува да покаже дека и во поодминати години е сосема привлечна како кога тинејџерка.

Таа работи како фитнес инструкторка, па на нејзиниот профил на социјалната мрежа Инстаграм кој има над сто илјади следбеници може да се најдат различни видеа од тренинзи, но и од одмори и разни други активности, а објавите можете да ги погледнете ОВДЕ.

Како што пишуваат хрватските медиуми, таа во 2000 година била крунисана за Мис „Универзум“, а нејзината убавина не е променета и по повеќе од две децении.