КОЈ СЕ ПОДГОТВУВА ЗА ПАТ ВО ГРЦИЈА, МОРА ДА ГО ЗНАЕ ОВА: Возачите во автомобили мора да го имаат ОВА за да не платат КАЗНА!

Грција со години е една од омилените земји за летување на нашите граѓани, а со почетокот на сезоната веќе се создаде голема гужва на граничните премини.

Она што е важно да знаат сите туристи кои патуваат со автомобил во Грција е дека покрај стандардната опрема за прва помош во автомобилот за возење низ Македонија, потребно е да набават и противпожарен апарат пред патувањето во Грција.

На веб-страницата grckainfo.com, Грција пропишува противпожарен апарат тип S2 како дел од задолжителната опрема во возилата од сите категории. Бројот 2 покажува дека уредот содржи два килограми прашок за гаснење. Уредот не смее да биде користен, ниту делумно.

Важно!

Возач кој нема противпожарен апарат во автомобилот ќе плати казна од 80 евра и тоа важи и за грчките граѓани и за туристите. Многумина, сепак, ја користат ситуацијата во која никој никогаш не им го побарал тоа, па не ни купуваат.