Кралицата на десертите која ве враќа во детството и ќе биде најубавото викенд изненадување за вашето семејство: Лепа Брена торта
Ви пренесуваме рецепт за торта која беше многу популарна во осумдесетите.
Состојки за една кора:
6 белки
12 лажици шеќер
12 лажици ореви
2 лажици брашно
Состојки за фил 1:
18 жолчки
200 гр шеќер
150 гр чоколадо
1 маргарин
Состојки за фил 2:
300 гр ореви
100 мл млеко
125 гр маргарин
200 гр шеќер во прав
Подготовка:
Од горенаведените состојки печете три кори на 180 степени околу 15 минути секоја кора.
Најпрво изматете ги белките и шеќерот, а потоа со рака додајте ги оревите и брашното.
Направете го првиот фил така што ќе ги сварите жолчките и шеќерот на пареа. Кога ќе се свари додадете го чоколадото.
За вториот фил ставете го млекото да зоврие, додадете шеќер и ореви и додадете го изладениот маргарин.
Полнете ја тортата така што ќе ја ставите првата кора, фил 1, па 2 и повторно кора, фил 1, фил 2 и на крај третата кора.