Кралот Чарлс се појави на велигденската богослужба: Еве како изгледа 

Кралот Чарлс и кралицата Камила денеска беа на Велигденска богослужба.

75-годишниот крал утрово бил расположен, насмеан и мавтајќи со толпата пристигнувајќи со своето Бентли на богослужбата во капелата Свети Џорџ, пишува британскиот печат.

Како што пишувавме претходно, има многу шпекулации за здравјето на Чарлс. 

Денеска доверливи извори за „Ин тач“ открија дека се работи за рак на панкреасот, а наводно му останале само уште две години живот.

Дијагнозата на британскиот монарх е јавна тајна меѓу кралскиот персонал, пишува „In Touch“.

“Многу дворјани веруваат дека ракот на Чарлс е полош отколку што е претставен на јавноста. Уште пред дијагнозата постоеше загриженост за неговото здравје”, изјавил извор од палатата за магазинот.