Кратко ама срдечно! На површина испливаа деталите од средбата Бајден и Ердоган: Еве што разговарале!

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска му посака среќа на американскиот колега Џо Бајден на претседателските избори во 2024 година.

-Сега се подготвувате за претстојните избори. Би сакал да ја искористам оваа прилика да ви посакам многу среќа – рече Ердоган за време на средбата со Бајден на маргините на самитот на НАТО во Вилнус.

Бајден одговорил:

– Ви благодарам, со нетрпение очекувам да се сретнувам со вас во следните пет години – пренесува Ројтерс.

Агенцијата наведува дека кратката средба меѓу двајцата лидери е пресвртница во тензичните односи меѓу двата сојузници во НАТО, особено откако Ердоган се откажа од своето противење на обидот на Шведска да стане членка на Алијансата.