Крајно десничарската Алтернатива за Германија ја прогласи Европската Унија за пропаднат проект

Крајно десничарската партија Алтернатива за Германија (АфД) објави дека Европската Унија (ЕУ) е пропаднат проект и повика на повторно воспоставување на ЕУ како „Федерација на европските народи“.

Најновите анкети покажуваат дека АфД е втора најпопуларна партија во земјата со околу 21 отсто од гласовите.

Партиските лидери и членовите се собраа во Магдебург во пресрет на изборите за Европскиот парламент (ЕП) што ќе се одржат во јуни следната година.

Алис Вајдел, една од потпретседателите на АфД, изјави дека партиските лидери промовираат став со кој целосно се отфрла сегашната ЕУ.

Таа додаде дека АфД ја поддржува идејата за „Европа составена од татковини“, напоменувајќи дека според новата програма на нивната партија потребно е да се формира „Европска заедница на суверени и демократски држави“.

На состанокот е финализирана и партиската листа од 35 кандидати за изборите за Европскиот парламент што ќе се одржат следната година.

Во говорите на партискиот собир е нагласено дека ЕУ била „целосно неуспешна“ во сите важни области, вклучително и во миграциската и климатската политика и дека што поскоро треба да се напушти заедничката валута, еврото.