Крајот на една ера, 40 најубави жени на светот се собраа заради тоа 

Уредникот на британското издание на познатиот „Вог“, Едвард Енинфул објави дека се повлекува од таа функција и со тоа, како што вели, затворил големо поглавје од својот живот.

Според „Дејли мејл“, Енинфул во јуни минатата година најавил оставка, а таа дури сега стапила на сила.

За да му оддаде почит за сите негови напори во текот на шест и пол години ангажман, но и за неговата работа на над 153 насловни страници на познатото списание, последниот број на „Вога“ собра 40 еминентни жени од различни сфери на уметноста со со кој соработувал.

Фотографијата од насловната страница на „Вога“ се појави на профилот на Едвард, а последниот збор го даде и претставништвото на британското издание на овој магазин:

„Крај на една ера. По шест и пол години и 153 насловни страници – вклучително и 40 иконски жени фотографирани заедно во Њујорк за нашето издание од март 2024 година… Кога беше предложена првичната идеја за насловната страница, имаше само едно прашање: Дали би 40 од најзафатените, највеличествените и најубавите жени во светот навистина доаѓаат во студио на Менхетен, еден ден во декември, за да се фотографираат заедно? И, тие го направија тоа. Од Лондон, Њујорк, Париз, Милано и Лос Анџелес … тие се материјализираа затоа што кој друг би можел да собере 40 најголеми таленти од модата, Холивуд и пошироко во една просторија освен Едвард?

Кој е Едвард Енинфул?

Едвард е британски уредник роден во Гана (22 февруари 1972 година). Беше главен уредник на британскиот Вог, а сега се сели на позицијата уредник на глобалната медиумска компанија „Конде Наста“. На 18-годишна возраст стана уредник на модниот магазин „Ид“ и на таа функција беше повеќе од две децении.

Подоцна добива уредничка позиција во „Вог“ за Италија и Америка, како и позиција креативен моден директор во магазинот „В“. Енинфул беше назначен за главен уредник на британскиот „Вог“ во 2017 година, но поднесе оставка во 2023 година, бидејќи се пресели на повисока позиција во компанијата „Конде Наста“.