Крај на уште еден бизнис за Меган Маркл: Spotify ја откажа втората сезона на подкастот

Иако подкастот на Меган Маркл на Spotify постигна значителен успех, ниту тоа не беше доволно за бизнис потфат на поранешната актерка да добие втора сезона. Дојде до заеднички раскин на договорот, а Меган веќе прави некои нови планови

Денес, подкаст е она што порано беше ток-шоу на телевизија, многу познати личности сакаат да имаат свој проект за подкаст, а уште повеќе познати личности гостуваат во различни формати, раскажувајќи свои приказни за успехот, растењето, визиите на иднината и слично. Домаќин на многу успешниот подкаст „Archetypes“ беше и Меган Маркл, но овој проект може да се стави и во фиоката на периодични хоби, барем за некое време.

Принцот Хари и Меган Маркл ја прекинаа соработката со Spotify само три години откако потпишаа договор вреден 20 милиони долари, наводно со заедничка согласност. Дополнително, извор откри дека парот не создал доволно содржина за да ја добие целосната исплата од повеќе милиони долари.

Сепак, се чини дека парот може да се предомисли доколку добијат подобра понуда од друга компанија која покажува интерес.

„Меган продолжува да развива повеќе содржини за публиката Archetypes на друга платформа“, изјави портпаролката на Archewell Productions за The Wall Street Journal.

Иако Хари и Меган сè уште не се изјасниле на оваа тема, Хари уживаше во воената спортска средба оваа недела, но Меган никаде ја немаше.