„Биди своја“ – прва ноќна женска трка во Битола

Спортското здружение „Бори се за целта“, вечер во Битола, од 19 до 22 часот ќе се одржи првата ноќна женска трка, насловена „Биди своја“.

Стартот на трката е пред битолскиот Офицерски дом, а ќе се одвива по улицата „Партизанска“, од нејзиниот почеток кај кафе „Триангл“ со крајот на улицата кај комплексот ВЕРО во Нова Битола.

Од СВР Битола соопштија дека во периодот од 19:00 до 22:00 часот ќе биде запрен сообраќајот за сите патнички и товарни возила, и ќе биде регулиран од полициски службеници