КРАЈ: Ја напушта Барселона по 18 години

Легендарниот фудбалер донесе одлука.

Шпанскиот фудбалер Серхио Бускетс објави дека по 18 години ќе ја напушти Барселона на крајот на сезоната.

Бускетс во клубот од Каталонија е од својата 17-та година, а со Барселона има освоено осум титули во шпанската лига, три трофеи во Лигата на шампионите и седум во Купот на кралот.

– Беше тоа незаборавно патување. Од дете доаѓав на натпревари или гледав на телевизија, секогаш сонував да играм во овој дрес на овој стадион. Реалноста ги надмина сите мои соништа. Немаше да ти верувам да ми кажеше кога пристигнав како млад, дека ќе играм 15 сезони за најдобриот клуб во светот, клубот на мојот живот. Бев, сум и секогаш ќе бидам навивач и член на Барселона – изјави Бускетс, а пренесува Skysport.