Кремљ: Азербејџанскиот претседател му се извини на Путин за смртта на руските војници

Азербејџанскиот претседател Илхам Алиев денеска во телефонски разговор му се извини на рускиот колега Владимир Путин за вчерашната смрт на војниците од рускиот мировен контингент во Нагорно Карабах, соопшти Кремљ.

Војници од рускиот мировен контингент загинаа кога било пукано врз возилото додека се враќале од набљудувачка станица во близина на селото Џањатаг, соопшти синоќа руското Министерство за одбрана. Не е наведено кој би можел да стои зад нападот, ниту колку руски војници загинале. Медиумите јавуваат дека во инцидентот загнале двајца руски мировници.

Во денешното соопштение од Кремљ се вели и дека Путин ја нагласил важноста од гарантирање на безбедноста и правата на етничките Ерменци во отцепениот азербејџански регион, чии сили беа принудени да се предадат по молскавична офанзива на Азербејџан.