ВИДЕО | БРУТАЛЕН НОКАУТ ЗА КОЈ ЗБОРУВА ЦЕЛАТА ПЛАНЕТА – Кик-боксер буквално го исфрли од рингот противникот по разорен удар во главата, погледнете

Либанскиот кик-боксер Калил Ахмад го изведе еден од најбруталните нокаути досега.

Тој со популарното натпреварување High Kick буквално преку јажиња го исфрли несреќниот ривал од рингот и ги остави без зборови љубителите на боречките спортови ширум светот.

Видеото од овој спектакуларен нокаут на анонимен кик-боксер веднаш стана вирален хит и многу познати борци му оддадоа почит на Калил Ахмад, а снимката можете да ја погледнете ОВДЕ.

Тој прво го заниша противникот со лесен удар, а потоа го „раснесе“ со разорен удар со левата нога во главата.

Несреќниот испаднал од рингот. Јажињата не можеле да го спречат, но за среќа луѓето од рингот брилијантно реагирале и успеале да го фатат онесвестениот и да го спречат да падне на глава.