КРИСТИНА ИМАЛА 338 КГ, ЛЕКАРИТЕ И ОТСТРАНИЛЕ 20 КГ ОД НОГАТА: Ослабела 260 килограми, а ЕВЕ СЕГА КАКО ИЗГЛЕДА ( ФОТО )

Дали е ова најдобрата трансформација досега? Кристина Филипс е најголемата мотивација за сите луѓе со прекумерна тежина. Имала 338 килограми , а успеала да ослабе неверојатни 260 ! Дневно внесувала околу 7.000 калории , не можела да се погледне во огледало, а сега покажала како изгледа убавината што се криела во неа.

Целиот свет ја следеше нејзината трансформација. Кога побарала помош во своите дваесетти, лекарите и рекле дека толкава маснотија можат да ја отстранат само хируршки. За да биде кандидат за операција морала да ослабе. Нејзината прва промена се случи во 2014 година , кога ослабе 243 килограми. Операцијата на желудникот не беше доволна, па мораше да се отстранат количества масти и од одредени делови од телото. Лекарите извадиле по 20 килограми маснотии од секоја нога.

Кристина Филипс

Кристина денес има 83 килограми ! Многумина сè уште не можат да се навикнат, ниту да ја препознаат. Откако ослабе, стана мајка и сега вели дека конечно се освоила себеси. „Секогаш кога ќе видов дека иглата на вагата покажува дека сум се здебелила, престанав да јадам на неколку дена. Се плашев дека повторно ќе останам заробена во куќата и дека нема да можам да живеам нормално.”

Кристина Филипс

„Порано не можев да одам и по само неколку чекори ми остануваше без здив. Сега се чувствувам одлично и можам да направам речиси се што сакам, што е прилично одлично“, вели Кристина, која немаше поддршка на нејзиниот сопруг во текот на целиот процес. Постојано се расправале, а Кристина станала вознемирена. Сфатив дека тоа е само моја борба и дека не можам да сметам на него“, изјави Кристина која се разведе и смета дека тоа е најдобрата одлука.