КРИСТИЈАНО РОНАЛДО ВО НЕГОВ СТИЛ И ОДГОВОРИ НА КРИТИЧАРИТЕ – Многумина го отпишаа, а тој со неговата изјава им испрати брутална порака на сите

Трансферот на Кристијано Роналдо во Ал Наср од Саудиска Арабија привлече големо внимание кај јавноста, а некои дури и го отпишаа Португалецот кога е во прашање неговиот конкретен настап на теренот.

Вистината е многу поинаква.

Поранешниот ас на Реал Мадрид и Манчестер Јунајтед минатата полусезона ја заврши со 14 гола на 19 настапи, а во досегашниот дел од сезоната има постигнато 15 гола на 14 натпревари.

Последните два во низа вчера против Ал Ахли, по што тој одговори на злонамерните коментари.

Велат дека Роналдо е завршен, но тоа не е вистина. Ќе продолжам да играм додека нозете не ми кажат – ‘Кристијано, завршивме’. Се уште имам голема желба да играм и да тренирам, да постигнувам голови. Пред се да велат дека сум готов, но јас докажав дека тоа не е вистина“, изјави Кристијано Роналдо во изјавата по натпреварот.

Петкратниот освојувач на „Златната топка“ се уште е во одлична форма иако има 39 години.