ОВА ЌЕ БИДЕ НАЈРИГОРОЗНАТА МЕРКА ПРОТИВ ПУШАЧИТЕ ДОСЕГА – Шок за сите љубители на тутунот – тие никогаш нема да можат ниту да купат цигари !?

Премиерот на Велика Британија, Риши Сунак, размислува за воведување на една од најстрогите мерки против пушењето во светот, одлука со која ефикасно би се забранила на следната генерација воопшто да купува цигари, дознава весникот The Guardian

Извори за весникот кажале дека премиерот размислува за мерки слични на оние што ги воведе Нов Зеланд минатиот декември. Тие вклучуваат трајно подигање на законската возраст за пушење, така што тутунот никогаш нема да се продава на некој роден по 1. јануари 2009 година.

Политика без чад во стилот на Нов Зеланд би значела целосно укинување на цигарите за новите генерации. За време на поранешната премиерка Хасинда Ардерн, Нов Зеланд, исто така, донесе закон за намалување на содржината на никотин во тутунските производи и наложува тие да се продаваат само во специјализирани продавници за тутун, наместо во продавници и супермаркети.

Лабуристите претходно соопштија дека се консултираат за постепено укинување на продажбата на цигари на помлади луѓе на сличен начин како Нов Зеланд, а министерот за здравство во сенка, Вес Стритинг, во јануари кажа дека сака да знае дали има „волја за промена“ во земјата. Политиките што се разгледуваат се дел од новиот притисок на тимот на Риши Сунак насочен кон потрошувачите пред изборите.