Кристоферсен стигна до злато на СП во слалом од 16-то место по првата трка

Норвежанецот Хенрик Кристоферсен е победник на денешниот слалом возен на Светското прванство во Куршевел и мерибел. Тој по првото возење беше на 16. место, но никој не успеа да го симне од првата позиција на која се најде по своето второ возење и вкупно време 1:39,50 минута.

Петти златен медал за Норвешка во оваа алпска дисциплина.

Историски медал во зимските спортови за Грција донесе Александрос Јоанис Гинис со пласманот на второто место со заостанување од две десетинки зад победникот.

Алекс Винацер од Италија го освои бронзениот медал со 3,8 десетинки побавно време од Кристоферсен.

Последен во второто возење ќе настапи македонскиот скијач Јаков Добрески кој првата трка ја заврши на 60. место во конкуренција на 70 натпреварувачи кои изборија пласман.