Петмина загинати и 15 ранети во израелски воздушни напади врз Дамаск

 Најмалку пет лица загинаа, а 15 се повредени во денешните израелски воздушни напади врз станбена зона во сирискиот главен град Дамаск, јави сириската новинска агенција САНА.

Експлозии се слушнале над централното подрачје на главниот град, а САНА јави дека сириската противвоздушна одбрана напаѓа непријателски цели.

Сириската државна агенција, повикувајќи се на воен извор, јави дека загинале пет лица, од кои еден војник, а ранети се 15 цивили, како и дека се уништени неколку станбени згради.