Ксенија се омажи за 36 години постар милионер и му роди дете: Немала поим што ќе ѝ се случи, годините се најмалиот проблем (фото)
Ксенија Дели (32) се прослави со учеството во спотот на Џастин Бибер „What do u mean“.
Таа стекна голема популарност на социјалните мрежи, а уште повеќе откако објави дека се омажила за египетскиот бизнисмен Осама Фати Рабаг Ал Шариф, кој има 68 години.
Разликата од 36 години и богатството на Египјанецот натера малкумина да поверуваат дека се работи за љубовен брак.
Сепак, тоа не ги спречи да основаат семејство. Осам и Ксенија се родители на девојче.
Ксенија често објавува фотографии со сопругот, но добива прилично остри коментари.
Луѓето пишуваат дека Осам личи како да и’ е дедо, а таа глуми заљубена жена за да може да ужива во луксуз.
Ксенија немаше поим колкав гнев ќе предизвика кај луѓето.
Кога еднаш напиша дека нејзиниот сопруг и ќерката и’ се исполнување на соништата, коментарот со најмногу лајкови ги привлече сите погледи:
„Вашите два најголеми соништа се вашето дете и вашите пари. Едноставно е, нема љубов, само пари и популарност и ти го знаеш тоа“.
Ксенија и Осам се венчаа во 2016 година, а свадбената прослава вредна милион евра се одржа во Санторини во винарија со поглед на море.
На церемонијата присуствуваа околу 150 гости, а тортата беше висока над еден метар.
Денес, Ксенија има повеќе од 730.000 следбеници на Инстаграм, каде што редовно се фали со својот луксузен живот.