Кумановските пожарникари спречија огнот да се приближи до напуштените куќи во кумановското село Бељаковце, соопштија од Центарот за управување со кризи.
-Пожарот над кумановското село Бељаковце, што избувна попладнево се приближи до неколку стари најверојатно, напуштени куќи но благодарение на благовремената интервенција на кумановските пожарникари огнот е сопрен на безбедно растојание, изјави директорот на Центарот, Стојанче Ангелов.
И минатата недела имаше пожар во ова село и беше зафатена поголема површина на сува трева, стрништа.