Кумановци да пријават проблеми со автобускиот превоз на дежурни телефони и преку урбани и месни заедници
Граѓаните кои имаат какви било забалешки за застанувањето на автобусите треба да пријават до месните заедници и до општината во пишана форма и да се јават на дежурните телефони, повика денеска кумановскиот градоначалник, Максим Димитриевски. Дел од кумановци кои користат градски превоз реагираат дека дел од автобусите не застануваат на автобуските постојки и дека ги собираат патниците од небезбедни места.
- Редовно си ги плаќаме своите обврски кон превозниците, а тие имаат обврска да ги почитуваат однапред утврдените правила. Досега имавме неколку поплаки каде што редовно се извршува инспекциска контрола во делот на функционирање на јавниот превоз. Во оваа прилика апелирам до сите граѓани коишто имаат какви било забалешки да ги користат дежурните телефонски броеви на општината и овие настани да ги пријават и преку претседателите на урбаните и месните заедници да достават и писмена пријава со конкретни прекршувања доколу ги има. Во рамки на надлежностите ќе преземеме понатамошни постапки, изјави Димитриевски.
Тој кажа дека е горд на проектот бесплатен автобуски превоз во услови на криза, исканјувајќи дека Куманово е прва општина која го имплементира овој проект. Според него станува збор за квалитетен проект и функционира одлично, дека субвенцијата која се дава на превозниците е во интерес на кумановци како заштеда во семејните буџети. Во март, ќе се анализира дали некои линии ќе се прошират, а некои ќе се укинат.
Бесплатниот јавен превоз започна оваа година, во месец јануари и ќе трае до јуни, годинава. Претходно на седница на совет, кон крајот на минатата година, беше донесена одлука за воведување на бесплатен превоз.