Лавров: Англосаксонците се подготвуваат за години на конфронтации во Азија

 Русија денеска ги обвини САД, Австралија и Велика Британија за оркестрирање на повеќегодишна „конфронтација“ во Азија.

-Англосаксонскиот свет гради блок структури како АУКУС, ја подобрува инфраструктурата на НАТО во Азија и на тој начин сериозно навестува повеќегодишна конфронтација, изјави шефот на руската дипломатија, Сергеј Лавров, во Москва.

Американскиот претседател Џо Бајден и австралискиот и британскиот премиер Ентони Албенезе и Риши Сунак најавија дека Австралија ќе купи нуклеарни подморници од САД за да ја модернизира својата флота поради зголемената загриженост за влијанието на Кина во Индо-Пацификот.

Бајден се состана со Албанезе и Сунак во Сан Диего, 18 месеци по склучувањето на нуклеарното партнерство на АУКУС, за кое Кина тврди дека го прекршува Договорот за неширење на нуклеарното оружје.