Лав побегал од циркус во град близу Рим

Жителите на италијанскиот град Ладисполи во близина на Рим беа повикани да останат дома во саботата, откако лав избега од циркус.

Дивото животно набрзо било лоцирано, а во акцијата се вклучиле сите можни полициски, комунални и други служби, како и работниците на циркусот од кој побегнал лавот.

Алесандро Грандо, градоначалникот на Ладисполи, град со околу 40.000 жители, објави предупредување на социјалните мрежи, велејќи дека полицијата му помага на персоналот на циркусот да го бара животното.

Очекувајќи можни тужби, Грандо појасни дека не одобрил присуство на лавовски циркус во градот, но дека нема овластување да го спречи тоа.

Сопствениците на циркусот „Рони Ролер“ од кој лавот избега околу 16 часот, со прст го вперуваат активистите за правата на животните и тврдат дека биле жртви на саботажа.

Како што пренесува „Ла Република“, лавот се уште е опкружен и чека ветеринарите да го успијат.