ТЕШКО ЗА ГЛЕДАЊЕ – СРБИНОТ БЕШЕ ПРЕТЕПАН ВО РИНГОТ! Доби брутални удари во главата, се тетеравеше во кафезот: Самурајот го уништи (ВИДЕО)

Најдобриот српски ММА борец Александар Ракиќ по двегодишна пауза се врати во октагонот и доживеа тежок пораз.

На настанот UFC 300 во Лас Вегас, Ракиќ беше поразен од големиот Чех Јиржи Прохаска, попознат како „Самурај“.

Најдобриот српски ММА борец има за што да жали. Брилијантно ја отвори борбата, доминираше во првата рунда, му нанесе неколку сериозни удари на ривалот… Сепак, ситуацијата целосно се промени во втората рунда. Прохаска насилно го стресе Ракиќ со силни удари, кој се тетеравеше околу кафезот. Не успеа да се одржи на нозе, падна на подот и Чехот веднаш го искористи тоа. Тој зададе сериозни удари во главата на Србинот и судијата Херб Дин беше принуден да ја прекине борбата.

Гледајте ja забавена снимка од разорните удари на Чехот: