Лажни се и денешните дојави за бомби на скопскиот аеродром и во 14 училишта

 Министерството за внатрешни работи соопшти дека се направени сите потребни проверки во врска со денешните закани за експлозивни направи на Меѓународниот аеродром Скопје, во 10 скопски училишта и четири во Прилеп, и утврдено е дека станува збор за лажни пријави.

– Веднаш по добиените пријави, од полициски службеници се преземени соодветни мерки и активности, извршени се потребните проверки од тимови за антитерористички проверки и утврдено е дека станува збор за лажни пријави, посочуваат од МВР.

Минатата недела четири дена имаше дојави за поставени бомби во повеќе училишта во Скопје, како и во четири во Прилеп и во две училишта во Куманово. По спроведените проверки МВР утврди дека сите дојави биле лажни.