– ЈП за заловување бездомни кучиња Стационар „Лана Струмица“ лани заловил 650 кучиња, а 140 од нив се вдомени и згрижени, информира директорката Сузана Стојкова.
Според неа, 90 кучиња се вдомени, односно се почитувани сите процедури за вдомување на куче, а 50 се згрижени.
-Ова бројка е одлична и ги повикувам сите љубители на животните да ги вдомуваат кучињата, бидејќи наша законска обврска е само да ги храниме и да ги згрижиме, а деновиве имаме иницијатива да направиме куќички за куќињата на повеке локации во градот за зимскииот период за да им помогнеме на овие кучиња, вели Стојкова.
Додава дека Стационарот „Лана“ работи според практика позната во целиот свет, односно по принципот залови, стерилизирај и врати.
-Максималниот период за третман на кучињата е 30 денови. Во тој период ние сме должни да ги третираме и најважно да ги стерилизираме или кастрираме доколку е машко и по тој период, ако не успееме да го вдомиме, ние сме должни да го вратиме на улица, на местото каде е заловено, објаснува директорката.
Стојкова упати апел до сите граѓани кои сакаат да вдомат куче од Стационарот да се обратат таму и на тој начин преку такви примери да се подигне свеста за вдомување и згрижување на бездомните кучиња