– Римски Лацио се дистанцираше денеска од антисемитското скандирање на дел од своите навивачи за време на неделното градско дерби против Рома кое во понеделникот остро го осуди еврејската заедница во италијанската престолнина.
Во соопштение до јавноста Лацио истакна дека „секогаш предничел во јавната осуда, спречување и сузбивање без резерви на какви и да е дискриминаторски, расистички или антисемитски демонстрации или акции“.
Претседателката на Еврејската заедница во Рим, Рут Дурегељо, објави во понеделникот на Твитер видеозаписи од навивачи на Лацио кои скандираат антисемитски повици, објавувајќи и фотографија на лице на трибините кое носи дрес на Лацио со името „Хитлерсон“ со бројот 88 кој во нацистичката идеологија го симболизира поздравот „Хајл Хитлер“.
Овие обвинувања доаѓаа само две недели откако Италијанската фудбалска федерација објави отворање истрага за наводно антисемитско скандирање од навивачи на Лацио за време на натпреварот против Наполи во Неапол на 3 март.