Лајпциг го промовираше Елмас

Германскиот фудбалски прволигаш Лајпциг денес го претстави Елиф Елмас по што тој официјално е нов член на бундеслигашот.

– Добредојде Елиф Елмас, му посакаа на Елмас од Лајпциг.

Македонецот потпиша долгорочен договор до 2028 година | Играчот од средниот ред ќе го носи дресот со број 6. 

– Со обезбедувањето на потписот на Елиф Елмас, успеавме да пополниме важна позиција во нашиот напад по заминувањето на Емил Форсберг. Го следевме некое време бидејќи тој е интересен играч. Сметаме дека совршено ќе се адаптира на тимот ќе може веднаш да му помогне со својот квалитет. Техничката способност на Елиф е неверојатна. Може да игра по средината, но е подеднакво успешен на крилните позиции, објави Лајпциг.

Елмас доаѓа во Лајпциг од Наполи. Дваесет и четиригодишниот фудбалер ќе ќе му се приклучи на германскиот тим на 2 јануари во Шпанија во тренинг кампот во „Ла Магна“.