Леброн Џејмс ја испиша историјата на НБА: Го надмина Мајкл Џордан на неверојатна листа

Лос Анџелес Лејкерс синоќа во НБА лигата ја совлада Атланта со резултат 119:102.

До победата ги предводеше ветеранот Леброн Џејмс со 30 поени и осум асистенции и со тоа стигна до 563-от натпревар во кариерата во кој постигна најмалку 30 поени на еден натпревар.

Со тој успех го надмина феноменалниот Мајкл Џордан.

  • Ова е некој што го обожавав во моето детство и поради кој го носам бројот 23 – изјави Џејмс по натпреварот.

Инаку, по овој меч Лејкерси имаат скор 20-14, а Атланта 18-17.