Викендов избувна пожар во Влае на локации предвидени за изградба на кружен тек и улица. Во близина е планирана и изградба на нова населба со висококатници за кои се наменети улицата и кружниот тек.
За горенаведените градежни планирања веќе протестираа граѓаните на Влае бидејки новата населба не е предвидена да биде градена по принципот на хумано живеење.
Висококатниците се планирани да се градат на местото на работилниците на поранешно ГП Маврово.
Левица веќе се изјасни дека е против ваквото непланско градење и дивеење и дека ќе направи се преку свое делување во Советот тоа да го спречи.
Прашуваме: Дали овој пожар е со истото сценарио како кај фабриката „Треска’’ каде минатата година во април избувна пожар точно на локациите каде се планираше да се градат висококатници?