ФОТО | Мрежести чорапи, црвени чизми… Минувачите останале запрепастени кога сфатиле кој се крие зад секси костимот

Актерката Фиби Прајс (51 г.) очигледно веќе почнала да го слави Божиќ. Имено, таа се прошета низ маркет во црвено боди со мрежести чорапи и високи црвени чизми, соодветен шал и голема капа, а потоа капата ја замени со капа и брада на Дедо Мраз.

слика
Фиби Прајс

Фиби Прајс не била сама на оваа прошетка, туку имала „џуџе“, односно возела куче во количка.

слика
Фиби Прајс

Таа потоа сподели видео во таа облека на нејзиниот профил на социјалната мрежа Инстаграм додека танцува на песната „Jingle Bells Rock“, а истото можете да го погледнете ОВДЕ.

Според нејзиниот IMDB, таа глумела во 24 филмови, серии и реклами, а нејзината последна улога била во филмот „Hello Au Revoir“ (2021 г.). Таа е родена во Алабама и уште од рана возраст покажала интерес за модата и индустријата за забава. Таа, исто така, дизајнира капи и ленти за глава што може да се најдат во водечките бутици во Беверли Хилс, Калифорнија.